Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Иџе ја слави третата европска круна на ридски патеки

/

пред 1113 дена

Сподели преку :

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја осво титулата во Европскиот шампионат на ридски патеки, откако денеска на финалната трка во Бузет, Хрватска, триумфираше на двете трки. Македонецот да ја прослави третата европска круна во натпреварувањето организирано од ФИА.

Стефановски беше најбрз на првата трка во својата група 3 со време од 2 минути, 33 секунди и 278 илјадитинки со што постави нов рекорд. Во второто возење Иџе повторно беш најбрз во групата и со време од 3 минути, 33 секунди и 750 илјадитинки.
Оваа сезона Иџе едноставно беше предобар за својата конкуренција и на вкупно десет трки оствари седум победи и три пати беше втор. Во генералниот пласман на крајот собра 229 бодови.

За Стефановски ова е трета европска круна на ридски патеки, бидејќи триумфираше во ова натпреварување и во 2014 и 2015 година