Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интер бара попуст за Лукаку

/

пред 1350 дена

Сподели преку :

Ромелу Лукаку нема намера да се врати во Челзи и според последните информации, Интер наскоро ќе почне преговори со клубот од Стемфорд бриџ за продолжување на позајмицата на белгискиот репрезентативец.

И покрај фактот што Лукаку откако се врати на Џузепе Меаца поради проблеми со повредите одигра само осум натпревари од кои на четири беше во почетната постава, Интер би сакал да го задржи во своите редови, но со оглед на фактот дека висината на обештетувањето за предвремен раскин е огромно, Италијанците ќе преговараат за нова позајмица од најмалку 12 месеци.

Интер за Белгиецот треба да плати вкупно 11 милиони евра, но овој пат од Челзи ќе бара намалување на сумата бидејќи Лукаку има големи проблеми со повредите и неизвесно е што ќе се случува во иднина.

Инаку Лукаку со Челзи има договор до 2026 година.

ФОТО: Игор Паневски