Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интер ги задржува двајцата главни играчи до 2029 година

/

пред 850 дена

Сподели преку :

Лаутаро Мартинез и Николо Барела наскоро ќе потпишат нови договори со Интер и тоа до јуни 2029 година.

Првите ѕвезди на „нераѕурите“ ќе добијат и значително зголемување на платите, па така Мартинез според новиот договор ќе заработува 9 милиони евра годишно плус бонуси, додека Барела ќе добива плата од 6,5 милиони евра по сезона плус бонуси.

Овие двајца играчи беа клучни во освојувањето на новата шампионска титула на Интер во Серија А, па откако клубот отиде во рацете на новите газди, тие ќе добијат сериозна награда.