Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интер Мајами и официјално го промовираше Лионел Меси (ВИДЕО)

/

пред 1179 дена

Сподели преку :

Она што се знаеше повеќе од еден месец, денеска доби и официјална потврда откако Лионел Меси беше промовиран како нов фудбалер на Интер Мајами.

Аргентинецот веќе неколку денови се наоѓа на Флорида, па само прашање на време беше кога ќе биде промовиран во новиот розев дрес. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња доаѓа во МЛС-лигата откако му истече двегодишниот договор со ПСЖ, а во меѓувреме одби далеку побогати понуди од Саудиска Арабија.

Меси добро ќе заработи и во САД, бидејќи освен плата од преку 50 милиони евра годишно, ќе добие акции во Адидас и Епл.

Интер Мајами е еден од најслабите тимови во МЛС-лигата сезонава, но тоа веројатно многу брзо ќе се смени со Меси во тимот, а тука е и уште еден легендарен фудбалер од Европа, Серхио Бускец.