Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интер Мајами станува „Барселона ветерани“: Суарез и Меси повторно заедно во нападот

/

пред 1019 дена

Сподели преку :

Луис Суарез е на чекор да потпише договор со Интер Мајами и да му се приклучи на својот стар пријател Лионел Меси во МЛС-лигата.

Уругваецот го носеше дресот на бразилскиот тим Гремио, но откако му заврши договорот тој изрази желба повторно да заигра во ист тим со Меси. Голгетерот наскоро ќе биде промовиран во американскиот состав и ќе потпише едногодишен договор со можност истиот да биде продолжен и за 2025 година.

Меси и Суарез заедно ја предводеа Барселона во еден од најдоминантните периоди во европскиот фудбал, а сега во Мајами друштво им прават уште двајца поранешни играчи на Каталонците од славните времиња, Серхио Бускец и Жорди Алба.