Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ишбиа нов сопственик на Феникс за рекордни 4 милијарди долари

/

пред 1336 дена

Сподели преку :

Американскиот бизнисмен Мет Ишбија од денеска се нов сопственик на НБА тимот Феникс Санс, но и на членот на WNBA лигата Феникс Меркјури.

Ишбија според магазинот Форбс е еден од најголемите хипотекарни кредитори во САД за доминантна сопственост во двата клуба ќе плати рекордна сума од четири милијарди долари.

Новиот газда на кошаркарските тимови од Феникс уште на 20 декември се согласи за сумата која треба да ја плати, а од денеска тој и официјално го презема водењето на екипите.

Купувањето ги собори сите рекорди во НБА и Ишбија скоро за двојно повеќе ја надмина сумата која Џо Ца ја плати за Бруклин, а изнесуваше 2,35 милијарди долари.

Ишбија сопственоста ја презема од Роберт Сервер кој мораше да го продаде Феникс поради суспензијата од една година што ја доби во септември 2022-та откако беше утврдено дека ги навредувал вработените на расна основа и вршел мобинг. Патем Сервер мораше да плати и парична казна од 10 милиони долари.

На гласањето за одобрување на смената на сопственоста учествувале 29 тима и сите биле “за”, освен Кливленд чиј претставник не бил присутен.

ФОТО: Игор Паневски