Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ислами петта во својата квалификациска група ЕП во Истанбул

/

пред 1312 дена

Сподели преку :

Дрита Ислами е првата македонска репрезентативка што настапи на Европското првенство во сала што се одржува во Истанбул.

Таа во квалификациите на 400 метри беше дел од првата групата во која го освои петтото место со време од 55 секунди и 86 стотинки и за само два стоти дела не успеа да го собори државниот рекорд.

Прва низ целта мина Лада Вондрова од Чешка со резултат 52.77 додека место во полуфиналето обезбеди и второпласираната Хенриет Јегер од Норвешка која имаше резултат од 53 секунди и 27 стоти дела од секундата.

Во вкупниот редослед од 27 атлетичарки, Ислами го освои 25-тото место.

Најдобро постигнување во квалификациите има Ана Кјелбасинска од Полска која забележа резултат од 51 секунда и 77 стотинки, а светската рекордерка Фемке Бол беше петта со време од 52 секунди и 35 стотинки.

ФОТО: Игор Паневски