Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Лука Модриќ го одигра 200-тиот натпревар за хрватската репрезентација во победата од 1-0 против Панама на Светското првенство.

Капитенот на Хрватска стана само четвртиот фудбалер во историјата со 200 или повеќе настапи за националниот тим, по Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Бадер Ал-Мутава од Кувајт.

Модриќ точно 20 години е дел од репрезентацијата на Хрватска, која ја предводеше до најголемите успеси во нејзината историја – финалето на Светското првенство во 2018 година, кога загуби од Франција, и бронзениот медал на Мундијалот во Катар пред четири години.

Иако има 40 години и можеби веќе не е во својата најдобра форма, Модриќ и натаму останува лидер на Хрватска, и на теренот и надвор од него.

Фото: Хрватски фудалски сојуз/Фејсбук