Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Историски пласман на Словенија во елиминациската рунда

/

пред 832 дена

Сподели преку :

Последните натпревари во Ц групата завршија без погодоци, Словенија успеа да стигне до толку посакуваниот бод во соочувањето со Англија и на крајот да го освои третото место кое значи и настап во елиминациската фаза од континенталниот шампионат.

Мрежите мируваа и на дуелот меѓу Данска и Србија, која го заврши учеството на Евро 2024 додека поранешниот европски првак го освои второто место во оваа конкуренција.

Со оглед на фактот дека Данска и Словенија имаат идентичен број на бодови, постигнати и примени голови, ист број на жолти картони на турнирот за конечниот пласман мораше да решава учинок во квалификациите за Европското првенство каде двете селекции беа во иста група и на крајот Данците имаат подобар скор во оваа категорија.

Претходно во натпреварите од Д групата, Австрија ја совлада Холандијаа со 3:2 и го освои првото место додека Франција играше без победник 1:1 во соочувањето со Полска и на крајот го освои второто место.

ФОТО: Игор Паневски