Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Италијанските гиганти се „тепаат“ за ѕвезда на Болоња

/

пред 1009 дена

Сподели преку :

Болоња оваа сезона има резултати далеку над очекувањата, а неколку играчи блескаат во тимот. Покрај Џошуа Зиркзе, огромен интерес привлекува и шкотскиот репрезентативец Луис Фергусон.

Фудбалерот од средниот ред, кој има 24 години, игра фантастично во тимот на Тијаго Мота, па неговите настапи не останаа незабележани од италијанските гиганти. Наводно Јувентус, Милан и Интер сакаат да го доведат Фергусон во своите редови во летниот преоден рок.

На 17 натпревари сезонава во Серија А има четири голови. Тој пристигна во Болоња во летото 2022 година од Абердин, а неговата моментална цена на трансфер-пазарот изнесува18 милиони евра