Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски елиминиран во осминафиналето во Јокохама

/

пред 1046 дена

Сподели преку :

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во Јокохама, Јапонија во втората рунда.

Тој денеска загуби од шестиот носител Лука Нарди од Италија со 2-0, по сетови 6:2 и 6:4 за 1 час и 16 минути игра. Македонецот на овој турнир, што се игра за награден фонд од 80.000 долари, запиша три победи, бидејќи мина две квалификациски кола и секако славеше во првата рунда. За трите победи ќе освои 11 поени, а тоа значи и напредување на ранг листата, што ќе биде објавена во понеделник.

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во текот на следната недела го очекува настап на уште еден челинџер турнир во Јапонија во градот Јакаичи и овој турнир ќе го стартува од квалификациите.