Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски и Србљак на главниот турнир во Куршумлиска бања

/

пред 1244 дена

Сподели преку :

На ИТФ турнирот што оваа недела се одржува во Куршумлиска бања во Србија, Македонија ќе има двајца претставници.

Нашиот најдобар тенисер настапот го почнува против домашниот тенисер Виктор Јовиќ кој настап на турнирот обезбеди по покана на организаторот и според распоредот мечот ќе се одигра утре со почеток во 10 часот.

Нашиот втор претставник Горазд Србљак место на главниот турнир обезбеди преку квалификациите и во решавачкиот дуел беше поуспешен од Индиецот, Реди Саи Ганта совладувајќи го со 6:1 и 6:1.

Србљак ќе се соочи со Хуан Пабло Паз од Аргентина и се очекува тој дуел да се игра в четврток.

ФОТО: Игор Паневски