Македонскиот најдобар тенисер Калин Ивановски ја продолжи триумфалната низа на јуниорскиот дел од турнирот во Вимблдон.
Ивановски денеска славеше над Литванецот, Едас Бутвилас и пласман во четвртфиналето обезбеди по победата со 2:1 по сетови 6:4, 5:7 и 6:0.
За влез во полуфиналето на третиот Гренд слем во сезоната Ивановски ќе се соочи со Шпанецот, Педро Роденас кој во два сета со 6:1 и 6:2 го елиминираше Бор Артнак од Словенија.
ФОТО: Игор Паневски











