Калин Ивановски со победа го отвори настапот во квалификациите за влез во главната жрепка на турнирот во Загреб.
Македонскиот тенисер во првото коло забележа победа со 2:1 по сетови 6:3, 5:7 и 6:1 во соочувањето со Ерги Киркин од Турција.
За место на главниот турнир, Ивановски ќе се бори со победникот од дуелот меѓу Полјакот, Даниел Михалски и Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина.
Турнирот во Загреб се игра за награден фонд од 91.000 евра.
ФОТО: Игор Паневски











