Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски не го заврши маратонот на ЕП во Минхен

/

пред 1512 дена

Сподели преку :

Дарио Ивановски беше првиот македонски натпреварувач кој настапи на Европското првенство во атлетика што се одржува во Минхен.

Ивановски за жал не успеа да ја заврши трката во која беа пријавени 79 маратонци, а на целта пристигнаа 62.

Златниот медал го освои домашниот маратонец Рихард Рингер кој на целта пристигна со време од 2 часа 10 минути и 21 секунда и за само две секунди беше побрз од Израелецот, Мару Тефери додека неговиот сонародник Гашау Ајале зад победникот заостана осум секунди.

Кај дамите триумф на Александра Лисовска од Полска, која забележа време од 2 часа 28 минути и 36 секунди. Втора низ целта со заостанување од седум секунди мина Матеа Парлов Коштро од Хрватска, а бронзата и припадна на Ниенке Бринкман од Холандија која за само неколку стоти дела беше побрза од Германката, Миријам Датке.

ФОТО: Игор Паневски