Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски не успеа да триумфира во Куршумлиска бања

/

пред 1239 дена

Сподели преку :

Калин Ивановски во финалето на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања е совладан од четвртиот носител Французинот, Клемен Табур.

Нашиот најдобар тенисер е совладан со 2:1 по сетови 4:6, 6:3 и 2:6 во меч што траеше два часа и 39 минути.

Ивановски во Куршумлиска бања покрај пласманот во финалето на крајот славеше и во игра на двојки кога во вчерашното финале триумфираше со Украинецот, Олександар Овчаренко.

Ивановски останува во Србија и во текот на следната недела ќе биде дел од ИТФ турнирот во Куршумлиска бања што се игра за награден фонд од 25.000 долари.

Потоа се враќа во Македонија каде ќе биде дел од тунирот во Скопје кој е на програмата од 21 до 28 мај.

ФОТО: Игор Паневски