Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски полуфиналист на турнирот во Србија

/

пред 1241 дена

Сподели преку :

Калин Ивановски ја продолжи триумфалната низа на ИТФ турнирот во Куршумлиска бања и успеа да се пласира во полуфиналето.

Нашиот најдобар тенисер во четвртфиналето во меч што траеше 1 час и 44 минути во два сета со 7:6 и 7:5 го елиминираше Хади Хабиб од Либан.

Противник на Ивановски во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот во кој четвртиот носител Олександар Овчаренко од Украина се среќава со осмиот фаворит Цезар Крету од Романија.

Настапот во Србија за Ивановски е последна подготовка пред учеството на турнирот во Скопје што ќе се одржи во периодот од 21 до 28 мај.

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа попладнево во Загреб за пласман во полуфиналето ќе се сретне со Германката, Ела Зајдел.

ФОТО: Игор Паневски