Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски поразен во финалето на ИТФ турнирот во Тунис

/

пред 1344 дена

Сподели преку :

Калин Ивановски не успеа да триумфира на ИТФ турнирот што се одржува во тунискиот град Монастир.

Најдобриот македонски тенисер во финалето по голема борба која траеше три часа и три минути со 2:1 по сетови 3:6, 6:3 и 7:6 е совладан од домашниот тенисер Моез Ешраги.

Ивановски останува и следната недела во Тунис каде повторно ќе биде дел од турнир во Монастир на кој според листата на пријавени играчи до овој момент има најдобар пласман на АТП листата и може да биде поставен за прв носител.

ФОТО: Игор Паневски