Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски со најдобар пласман на АТП листата

/

пред 1294 дена

Сподели преку :

Пласманот во полуфиналето на ИТФ турнирот во Франција на Калин Ивановски му донесе нов напредок на АТП листата.

Најдобриот македонски тенисер во моментов е на 475 место што негово најдобро постигнување во кариерата, а со оглед на фактот дека и оваа сезона игра во одлична форма наскоро можеме да очекуваме дека тој ќе стигне до историските пласмани на неговите претходници Предраг Русевски (242 место), Александар Китинов (296) и Лазар Магдинчев (339 место).

Оваа недела од македонските тенисер активен ќе биде Обрад Марковски кој е поставен за шести носител на турнирот во Опатија и денеска ќе настапи во дуелот против Стефано Д’Агостино од Италија.

ФОТО: Игор Паневски