Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел последна проверка за ракометарите пред мундијалскиот настап

/

пред 1366 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва од 20 часот и 15 минути во Пореч против селекцијата на Израел ќе го одигра последниот контролен натпревар пред заминувањето за Полска и настапот на Светскиот шампионат.

По вчерашниот пораз во дуелот со домаќинот Хрватска, составот на Кире Лазаров има можност да ја поправи играта пред се во одбраната и со победа да отпатува за Краков каде во дуелите против Норвешка, Холандија и Аргентина ќе се бориме за првите три места во групата и обезбедување на пласман во следната рунда.

Контролни натпревари ќе одиграат нашите противници во првата фаза од првенството.

Холандија од 15:15 часот ќе се соочи со Чешка додека Аргентина во терминот од 18 часот ќе се сретне со Шпанија.

ФОТО: Игор Паневски