Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јокиќ блескаше против Торонто, Кливленд и Оклахома остануваат перфектни (ВИДЕО)

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Никола Јокиќ со својот трет трипл-дабл сезоната го предводеше Денвер до победа од 121-119 против Торонто во рамки на НБА-лигата. Српскиот центар реализираше 28 поени, 14 скока и 14 асистенции, додека голема помош имаше  од Расел Вестбрук со 21 поен. Џамал Мареј и Арон Гордон не беа во составот на Нагетс.

Кливленд продолжува со перфектниот ефект и ја запиша осмата победа на исто толку натпревари по триумфот над Милвоки со 116-114. Дариус Гарланд со 39 поени ги водеше Кавс до победата. Без пораз останува и Оклахома, која со 102-86 го победи Орландо.

Шампионот Бостон славеше убедливо со 93-123 на гостувањето кај Атланта, а Лејклерс загубија на гости кај Детроит со 115-103.

Феникс ја продолжува добрата форма и го запиша шестиот триумф на седмиот натпревар и тоа во Филаделфија со 116-118. Далас загуби од Индијана со 127-134, а победи остварија и Голден Стејт, Бруклин, Сакраменто, Јута, Хјустон, Минесота и ЛА Клиперс.