Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јокиќ повторно доминираше, Далас без Дончиќ ја победи Оклахома (ВИДЕО)

/

пред 623 дена

Сподели преку :

Никола Јокиќ со својот 17-ти трипл-дабл го предводеше Денвер до победа од 113-133 на гостувањето кај Мајами во НБА-лигата.

Српскиот центар имаше 24 поени, 12 скока и 10 асистенции, додека Џамал Мареј запиша 30 поени за Нагетс. Џими Батлер постигна 18 поени за Мајами откако му заврши суспензијата од седум натпревари од тимот, бидејќи јавно побара да биде трејдуван.

Далас го совлада лидерот во Западната конференција Оклахома со 106-98. Лука Дончиќ и натаму е надвор од стројот кај Маверикс, кои ја прекинаа серијата од три порази, па Кајри Ирвинг беше лидер со 25 поени. За Тандер не играше првата ѕвезда Шаи Гилџеус Александер, кој го пропушти првиот сезонски натпревар па Џејлен Вилијамс со 19 поени беше најефикасен кај гостите.

Шампионот Бостон го победи Орландо со 121-94, Милвоки славеше против Торонто со 130-112, а Лејкерс остварија минимална победа против Бруклин од 102-101 и тоа благодарение на Остин Ривс кој запиша 38 поени.

Победи остварија и Мемфис, Шарлот, Њу Орлеанс и Минесота.