Јувентус во последниот ден од летниот преоден рок договори два трансфери. Откако пропаднаа преговорите со ПСЖ за Рандал Коло Муани, „Старата дама“ ги ангажираше Лоис Опенда и Едон Жегрова.
Опенда доаѓа од Лајпциг за обештетување од 40 милиони евра. Белгискиот напаѓач имаше две одлични сезони во бундеслигашот, кој летово направи целосна реконструкција на тимот. Жегрова пак доаѓа од Лил за обештетување од 20 милиони евра. Косовецот игра на позицијата крилен напаѓач.











