Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Како по обичај Германија се спаси од пораз со гол во судиското надополнување

/

пред 834 дена

Сподели преку :

Домаќинот на Европското првенство, Германија по нерешениот резултат во дуелот против Швајцарија го освои првото место во А групата.

Германците се спасија од пораз со гол во втората минута од судиското продолжение, а стрелец на погодокот беше Никлас Филкруг.

Швајцарија стигна до предност уште во првиот дел и тоа во 28-та минута кога Дан Ндоје успеа да го совлада Мануел Ноер.

На вториот дуел во оваа конкуренција Унгарија со голот на Кевин Чобот во десеттата минута од судиското надополнување ја совлада Шкотска со 1:0 и со оваа победа ги вратија надежите дека може да го продолжат настапот на континенталното првенство.

Инаку натпреварот беше продолжен бидејќи во завршницата од второто полувреме подолго време му се укажуваше лекарска помош на унгарскиот репрезентативец Барнабаш Варга.

ФОТО: Игор Паневски