Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Канатларовски повика 25 фудбалери за контролните натпревари во Скопје

/

пред 1224 дена

Сподели преку :

Селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски за претстојните контролни натпревари со Ерменија и Малта повика 25 играчи.

Двата дуели ќе бидат одлична проверка на формата во пресрет на квалификациите за Европското првенство.

Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николоски (Беласица), Васко Василев (Рио Аве, Португалија), Стефан Тасев (Македонија Ѓ.П.);

Одбрана: Марио Ричков (Шкупи), Стефан Деспотовски (Работнички), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Имран Фетаи (Гостивар), Решат Рамадани (Динамо Киев, Украина), Виктор Крстевски (Гостивар), Методи Максимов (Шкендија), Михаил Димитриевски (Брегалница);

Среден ред: Мартин Талаков (Подбрезова, Словачка), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Силекс), Алекс Златков (Шкупи), Димитар Тодоровски (Работнички), Димитар Трајков (Академија Пандев), Ване Крстевски (Академија Пандев), Берат Калкан (Касимпаша), Бехар Фета (Воска Спорт), Матеј Ангелов (Работнички);

Напад: Марио Илиевски (Кишварда, Унгарија), Христијан Малески (Струга Трим Лум), Луан Абази (Вил, Швајцарија);

Мечевите ќе се одиграат во Скопје на терените на тренинг центарот Петар Милошевски. Првиот против Ерменија на програмата е на 15 јуни, а пет дена подоцна ја пречекуваме Малта.

Почетокот на двата натпревари е закажан за 17 часот.

ФОТО: Игор Паневски