Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Канатларовски: Верувам дека ќе продолжиме со добрите резултати

/

пред 1133 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја очекува нов циклус на квалификации за Европското првенство.

Селекторот Драган Канатларовски потенцира дека на располагање има одлична генерација која во изминатиов период покажа дека може да постигнува одлични резултати.

“-Располагаме со квалитетна група на млади, но веќе докажани фудбалери како во репрезентацијата, така и во клубовите. Би сакале да го повториме успехот од 2017 година и пласманот на Европското првенство во Полска. Овие играчи не се веќе само таленти, туку се и изградени фудбалери. Тоа е мојот став, ако сакаме успех, мора да веруваме максимално во себе, да бидеме подготвени на борба и да функционираме како колектив тоа мојот став. Се надевам дека ќе продолжиме во ист  ритам на добри игри и ќе успееме да оствариме позитивен успех на овие квалификациите. Фудбалерите мора да веруваат во себе, треба да бидат подготвени на борба и да дадат се од себе за дресот со државен грб”, изјави селекторот Канатларовски.

ФОТО: Игор Паневски