Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Каратистот на Макпетрол, Данило Божовиќ стана балкански шампион

/

пред 328 дена

Сподели преку :

Македонскиот каратист и член на карате клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ стигна до огромен успех, односно го освои златниот медал на Балканското првенство за младинци што се одржува во Ријека, Хрватска.

Божовиќ во борби во категоријата до 84 килограми за каратисти под 21 година имаше перфектен настап со четири победи. Во финалето тој се соочи со уште еден македонски репрезентативец Реџеп Рушити и славеше со 3-2 за да го освои златниот медал. Покрај Божовиќ и Рушити кои се закитија со златниот и сребрениот медал на турнирот во Ријека, со балкански одличја се враќаат и Цветан Маргаритов, кој освои сребро во конкуренција на јуниори до 61 килограм, а бронзени медали освоија Ива Пецевска, Иса Елмази и Блерина Зендели.

На Балканското првенство учествуваа 13 земји со вкупно 1.390 каратисти.