Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Киеза заминува од Италија: Следна дестинација – Барселона

/

пред 773 дена

Сподели преку :

Федерико Киеза не е во плановите на Јувентус сезонава и клубот јасно му стави до знаење дека мора да си најде нова средина.

Иако се шпекулираше дека италијанскиот репрезентативец ќе заврши во некој од италијанските конкуренти како Рома, Наполи, па дури се споменуваше и Интер, тој на крајот најверојатно заминува за Шпанија и тоа во дресот на Барселона.

Каталонците притискаа за Нико Вилијамс, но откако целата операција се покажа прескапа за клубот, се одлучија за Италијанецот. Трансферот на Киеза би чинел околу 15 милиони евра, што секако е прифатливо за Барселона иако е во сериозни финансиски проблеми.

Киеза игра за Јувентус од летото 2020 година, а претходно настапуваше за Фиорентина.