Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КК Пелистер поразен на гостувањето кај Керавнос во ФИБА Европа Купот

/

пред 339 дена

Сподели преку :

Кошаркарите на Пелистер го запишаа вториот пораз во ФИБА Европа купот и повторно на гостински терен. Вечерва битолчани загубија на Кипар кај составот на Керавнос.

Пелистер одигра слабо во првиот период, кога му дозволи на противникот да постигне неверојатни 39 поени и да направи разлика од 17 поени. Во продолжението тимот предводен од Боро Даскаловски од клупата успеа да ја стабилизира играта. Во последниот период Пелистер успеа да намали на само -7, но кипарскиот тим брзо ја врати убедливата предност и на крајот славеше со 99-86.

Кевин Брејси-Дејвис беше најефикасен за Пелистер со 33 поени, додека Андреј Митревски постигна 13 поени. Кај Керавнос, Брендон Хантли-Хејтфилд имаше 25 поени со 11 скока.

По три одиграни кола Пелистер има една победа и два порази. Идната среда во рамки на 4.коло на домашен терен ќе ја пречека Цедевита Јуниор.