Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клеј Томсон ги одби Лејкерс за да стане соиграч на Дончиќ

/

пред 824 дена

Сподели преку :

Заврши кариерата на Клеј Томсон во редовите на Голден Стејт. Одличниот тројкаш кариерата ќе ја продолжи во редовите на Далас со кој потпиша тригодишен договор вреден 50 милиони долари.

Томсон имаше понуда и од Лос Анџелес лејкерс, но реши да потпише договор со Маверикс и ќе им биде соиграч на Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг. Целата досегашна НБА-кариера од 13 сезони ја играше во редовите на Вориорс, кои го драфтуваа како 11-ти пик во 2011 година. Со Голден Стејт, Томсон освои четири шампионски титули и беше дел од неверојатниот шутерски тандем со Стеф Кари.