Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кливленд не застанува: Против Шарлот ја запиша 15-тата победа по ред (ВИДЕО)

/

пред 685 дена

Сподели преку :

Кливленд стана само четвртиот тим во НБА-лигата, кој ја почнал сезоната со 15-0. Кавалирс синоќа славеа со 128-114 и ја продолжија победничната низа. Триумфот на домашниот тим е уште поимпресивен ако се знае дека беше остварен без првата ѕвезда Донован Мичел. Дариус Гарланд со 25 поени и 12 асистенции и Тај Џером со 24 поени ги предводеа Кавалирс.

Далас без повредениот Лука Дончиќ славеше на гостински паркет кај Оклахома со 119-121. Пи Џеј Вашингтон имаше 27 поени и рекордни во кариерата 17 скока за Маверикс, а Кајри Ирвинг го заврши натпреварот со 23 поени. Шаи Гилџеус Александер имаше 36 за Тандер.

Лос Анџелес Клиперс ја победија Јута со 116-105 за да ја прекине низата од три порази.  Џејмс Харден постигна 20 поени од кои две тројки и го прескокна Реј Ален на второто место на вечната листа за најмногу постигнати тројки во историјата на лигата со 2.974.

Никола Јокиќ и Арон Гордон не беа во составот па Денвер загуби на гостувањето кај Мемфис со 105-90.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Чикаго – Хјустон 107-143
Њујорк – Бруклин 114-104
Портланд – Атланта 114-110
Вашингтон – Детроит 104-124
Индијана – Мајами 119-110
Минесота – Феникс 120-117