Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Клубот на Никола Јокиќ се повлече од АБА2-лигата

/

пред 632 дена

Сподели преку :

Кошаркарскиот клуб Џокер од Сомбор нема да се натпреварува во ТОП 8 фазата во АБА2-лигата. Клубот на НБА-ѕвездата Никола Јокиќ реши да се повлече од регионалното натпреварување.

Челниците на Џокер вчера ја известиле АБА-лигата дека клубот нема да продолжи да игра во второто по ранг натпреварување во регионот. Според правилата на лигата, сите досегашни резултати на Џокер од групната фаза ќе бидат регистрирани со службен резултат 20-0 за противниците. Српскиот тим во последен момент се приклучи во лигата откако Вршац се откажа од настапот пред да почне сезоната.

Повлекувањето на Џокер значи дека од групата Ц во ТОП 8 фазата продолжуваат тимовите на Подгорица како првопласирана и Широки како второпласиран. Македонскиот тим Пелистер, кој се натпреваруваше во оваа група Ц ќе заврши на 3.место.

Подгорица во следната фаза ќе се натпреварува во групата Е заедно со Хелиос Домжале, Босна и Златибор, додека Широки е во групата Ф со Цедевита јуниор, Војводина и Илирија.

ФОТО: КК Пелистер/Сашо Ристевски/Дејан Кузмановски