Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кобајаши најдобар во Висла, Крафт израмни рекорд на Ахонен

/

пред 994 дена

Сподели преку :

Рјиоју Кобајаши ја оствари првата сезонска победа во Светскиот куп во ски скокови и тоа на денешното индивидуално натпреварување во Висла, Полска.

Јапонецот кој триумфираше на новогодишната турнеја „Четири скокалници“ и тоа со четири втори места, денеска беше најдобар со 269,4 поени. Во двете рунди оствари скокови од 131 и 139,5 метри.

Зад него се пласираше Австриецот Штефан Крафт, кој го израмни рекордот на Јане Ахонен со 108 подиуми во кариерата, додека трет беше Андреас Велингер од Германија.

Крафт останува лидер во генералниот поредок со 989 бодови, Велингер е втор со 757, додека Кобајаши има 691 бод на третата позиција.

Полската турнеја во светскиот куп во ски скокови продолжува во Полска, а во среда се закажани скокови во Шчирк, додека во недела следува натпреварувањето во Закопане.