Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Колумбиската полиција и натаму трага по таткото на фудбалерот Луис Дијаз

/

пред 1071 дена

Сподели преку :

Родителите на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, утринава беа киднапирани во Колумбија. Полицијата ја пронајде неговата мајка, но се уште се трага по неговиот татко.

Луис Мануел Дијаз и Силенис Маруланда биле во сервисна станица во Ла Гуахира во Колумбија, кога маскирани лица на мотоцикли ги киднапирале. Колумбиската полиција успеала да ја ослободи мајката на колумбискиот репрезентативец, но и натаму трае потрагата по неговиот татко.

Во спасувачката акција се вклучени сите власти во Колумбија, а реагираше дури и претседателот на државата, кој побара од криминалците да го ослободат таткото на фудбалерот.

Ливерпул очекувано му даде подршка на својот играч и тој денеска не е во составот за дуелот со Нотингем Форест во Премиерлигата.