Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Конечно договор за финалето на Грчкиот куп

/

пред 1243 дена

Сподели преку :

По неколку месечни преговори донесена е конечна одлука каде ќе се одигра финалето на Купот на Грција.

Фудбалската федерација имаше идеја мечот меѓу ПАОК и АЕК да се игра на Кипар, но властите во оваа островска земја решија да не ја прифатат организацијата стравувајќи за безбедноста на граѓаните, но и навивачите на двата клуба.

Проблемите во грчкиот клупски фудбал траат со години наназад. На натпреварите во домашното првенство правдата ја делат судии од странство, а често пати на мечевите се случуваат тешки инциденти.

Според последната одлука на Националната асоцијација натпреварот треба да се игра на 24 мај во Волос, но доколку и овој град одбие да биде домаќин постои резервна варијанта дуелот меѓу ПАОК и АЕК да се игра во Елбасан иако се шпекулираше дека постои можност домаќин да биде и некој од градовите во Полска.

ФОТО: Игор Паневски