Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Короната ги принуди Канаѓаните да се повлечат од СП во ватерполо

/

пред 1563 дена

Сподели преку :

Ватерполо репрезентацијата на Канада се повлече од настапите на Светското првенство што се одржува во Будимпешта.

Причина се петте инфицирани ватерполисти кои веќе се наоѓаат во изолација, а во официјалното соопштение се потенцира дека Канада го напушта натпреварувањето поради здравјето и безбедноста на останатите учесници.

Репрезентацијата на Канада на шампионатот одигра само еден натпревар во фазата по групи и беше поразена од Шпанија со 19:2. Останатите две средби со Италија и Јужна Африка ќе бидат регистрирани со службен резултат.