Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дарио Шариќ се врати во Анадолу Ефес по една деценија во НБА

/

пред 105 дена

Сподели преку :

Анадолу Ефес официјално го потврди враќањето на Дарио Шариќ, кој потпиша договор на две години со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Хрватскиот кошаркар се враќа во турскиот гигант по една деценија мината во НБА-лигата. Шариќ претходно го носеше дресот на Ефес во сезоните 2014/15 и 2015/16, пред да замине во најсилната кошаркарска лига во светот.

Триесет и двегодишниот крилен центар беше избран како 12-ти пик на НБА-драфтот во 2014 година. Во НБА настапуваше за Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт, Денвер, Сакраменто и Детроит.

Шариќ во Евролигата досега има одиграно 55 натпревари, со просек од 10,1 поен, 6 скока и 1,8 асистенции. Со неговото враќање, Ефес добива големо засилување под кошевите и важен играч во ротацијата на тренерот Пабло Ласо.

Хрватот е и стандарден репрезентативец на својата земја, со која настапуваше на европски и светски првенства, како и на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.