Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десет натпревари казна за неспортскиот потег на тренерот на МЗТ Скопје

/

пред 1251 дена

Сподели преку :

Комесарот за натпреварување во Првата кошаркарска лига, Александар Милојевиќ за неспортскиот потег на тренерот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ на мечот против Кожув му изрече казна од забрана за водење на екипата на следните 10 натпревари.

Николиќ на првиот четвртфинален дуел од разигрувањето за шампионската титула на половина од вториот период влезе во теренот и го спречи нападот на противникот по што следуваше исклучување, а комесарот Милојевиќ на предводникот на МЗТ Скопје му изрече и парична казна од 48.000 денари.

За исклучувањето Николиќ доби забрана од два натпревари и половина од сумата изречена како санкција плус осум натпревари пауза за неспортскиот потег.

По ова санкција само ќе се забрза одлука на челниците на МЗТ Скопје да му врачат отказ на Николиќ кој требаше да се реализира на крајот од сезоната.

До крајот на домашниот шампионат екипата ќе ја води Васко Атанасов, кој се очекува да добие шанса во следната сезона да ја води екипата од Аеродром.

ФОТО: Игор Паневски