Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарките немаа сили ниту за достоинствен пораз од Украина

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија доживеа нов убедлив пораз во квалификациите за Евробаскетот идната година. Денеска во „Кале“ нашите девојки беа декласирани од Украина со 49 поени разлика.

По поразите од Португалија на гости и од Србија на домашен терен минатата година, македонската женска кошаркарска репрезентација денеска не се прослави ниту со Украина во рамки на 3.коло. Во салата „Кале“ во Скопје, избраничките на селекторот Александар Ашаданов загубија со 49-98. Анџелика Митрашиновиќ со 17 поени и Мерит Хемпе со 16 беа најефикасни во нашиот табор. Викторија Балабан со 19 поени најмногу се истакна кај гостинките.

Во недела повторно играме на домашен паркет и ја пречекуваме Португалија во рамки на 4.коло од групата Г.