Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кошаркарките против Украина ја бараат првата победа во квалификациите

/

пред 696 дена

Сподели преку :

Македонската женска кошаркарска репрезентација денеска ќе се соочи со Украина на домашен паркет во рамки на 3.коло во квалификациите за Евробаскетот идната година. Нашите девојки се во потрага по првата победа во овој циклус.

Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првите две кола од Групата Г што се играа лани, најпрво загубија на гостувањето кај Португалија со 65-52, а потоа во Скопје очекувано бевме поразени и од фаворитот Србија со 60-103. И Украина исто така имаше два порази во првите две кола, па денеска една од овие две репрезентации ќе ја има првата радост во евроквалификациите.

За овој натпревар во таборот на Украина се враќа нивниот најдобар играч Алина Јагупова, која ги пропушти првите две средби. Во нашиот ростер нема преголеми промени, а во тимот се враќа една од најискусните Александра Стојановска. Матеја Николиќ ќе биде надвор од ростерот, бидејќи не успеа да ја надмине повредата на коленото.

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра денеска со почеток од 18 часот во салата „Кале“ во Скопје, а влезот за сите љубители на кошарката е бесплатен.