Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кристалниот глобус за Одермат, Швајцарецот го одбрани тронот

/

пред 1304 дена

Сподели преку :

Марко Одермат е победник на првиот од двата велеслалома за Светскиот куп што се одржуваат во Крањска Гора.

Со денешниот триумф Швајцарецот успеa да го осигура првото место во генералниот пласман и по втор пат едно по друго да го освои големиот Кристален глобус.

Одермат денеска славеше со време од 2 минути 16 секунди и 65 стотинки и за 23 стоти дела беше побрз од Алексис Пантуро додека третото место му припадна на Хенрик Кристоферсен од Норвешка кој заостана 37 стотинки зад победникот.

На две трки до крајот Кристоферсен и натаму е во конкуренција за малиот Кристален глобус во велеслалом и во пресрет на самата завршница, Норвежанецот зад Одермат заостанува 140 бода и на настапите во Крањска Гора и Андора потребна му е барем една победа, но и на два пати да биде далеку подобар од лидерот.