Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кристијано Роналдо меѓу најлошите 11 во првата фаза од шампионатот

/

пред 1404 дена

Сподели преку :

Специјализираниот портал за статистички податоци SofaScore го објави “идеалниот” тим на 11-те најлоши фудбалери во првата фаза од Светскиот шампионат.

Сосема очекувано во составот доминираат репрезентативците на Катар кои според прикажаното во првиот круг беа убедливо најслаби поединци, но изненадува изборот на Кристијано Роналдо кој и покрај фактот што беше стрелец на еден погодок и влезе во историјата на шампионатите како прв кој се запишал во листата на стрелците на пет Мундијали.

Во оваа единаесеторка имаше место и за фудбалери од Канада, Костарика, Саудиска Арабија и Австралија.

На голот е катарскиот репрезентативец Аиса Баршам. Во дефанзивната линија се наоѓаат Костариканците, Калво и Дуарте како и Џонстон од Канада и Катарецот, Ахмед.

Во средниот ред Бјукенен (Канада), Ал Малки (С. Арабија), Будаиф од Катар и Австралиецот, Леки.

Во нападот покрај Кристијано Роналдо е и домашниот фудбалер Али.

ФОТО: Игор Паневски