Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Крстевски: Не сме комплетни, но ќе се обидеме да забележиме барем една победа

/

пред 1560 дена

Сподели преку :

Македонската кошаркарска репрезентација утре заминува за Шпанија каде в петок ќе го одигра претпоследниот натпревар во квалификациите за Светското првенство.

“Веќе се навикнавме на ваква ситуација, затоа што никогаш досега не бевме комплетни, меѓутоа што е тука е, ова е шанса за некои од новите генерации да покажат што знаат и умеат. Нема да биде воопшто лесно против Шпанија и Украина. Мора да се прикажеме во добро светло, а и за младите да стекнат некое искуство за иднина, а ние сме сите тука да им помогнеме. Младите се вклопуваат добро, за нив ова ќе биде одлично искуство. Гледам во сите голем потенцијал за иднината, исто и во У20 репрезентацијата, од таму имавме со нас во минатото лето неколку момци. Се наоѓаме на добар пат, добро е помладите да си фатат ритам уште од помлади години за да стекнат искуство, а за талент несомнено дека имаме”, изјави Бојан Крстевски.

ФОТО: Игор Паневски