Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кулибали се враќа во Серија А, но во најголемиот ривал на Наполи

/

пред 1262 дена

Сподели преку :

Калиду Кулибали не е среќен во дресот на Челси и во летниот преоден рок планира да се врати назад во Италија. Сенегалецот не игра на истото ниво како во дресот на Наполи, па по само две сезони ќе го напушти Лондон.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Јувентус, кој очајно бара нов стопер, кој би бил партнер со Бремер. Леонардо Бонучи веќе не е на елитното ниво од минатото, а и често е повреден. Доколку Кулибали потпише за Јувентус, навивачите на Наполи сигурно ќе бидат разочарани.

Нема да биде предавство како Гонзало Игуаин, кој замина од Наполи директно во Јувентус, но дефинитивно Сенегалецот нема да биде пречекан со отворени раце од навивачите кога ќе гостува во Неапол во дрес на Јувентус.