Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кузмановски со скинати лигаменти на скочниот зглоб

/

пред 1251 дена

Сподели преку :

По извршените детални медицински прегледи, клубот за кој настапува нашиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, Вецлар објави дека нашиот ракометар го очекува подолга пауза.

Лекарите констатирале дека Кузмановски има скинати лигаменти на десниот скочен зглоб и дека се уште не е познато колку долго ќе трае периодот на рехабилитација, но се чини дека сезоната за него е завршена.

Кузмановски се повреди на неделниот натпревар од квалификациите за Европското првенство против Турција во Скопје кога при еден обид да се упати удар кон голот на противникот се судри со противничките играчи и незгодно доскокна на подлогата по што мораше предвреме да го заврши настапот.

ФОТО: Игор Паневски