Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Квартараро до хет-трик пол-позиции, но браќата Маркез доминираа на спринтот на „Силверстон“

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Фабио Квартараро ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Велика Британија во Мото ГП шампионатот, а на спринт-трката најбрз беше Алекс Маркез.

Квартаро во квалификациите оствари најбрзо време од 1 минута, 57 секунди и 233 илјадитинки на патеката „Сиверстон“. За мотоциклистот на Јамаха ова беше трета пол-позиција по ред, бидејќи претходно тргна од првото место и на трките во Шпанија и Франција. Во првиот ред друштво му прават Алекс Маркез и Франческо Бањаја, а зад нив ќе тргнат Марк Маркез, Фермин Алдегер и Џек Милер.

На спринтот најбрз беше Алекс Маркез кој финишираше 3,5 секунди пред својот брат Марк. На подиумот имаше место и за Фабио ди Џанантонио.