Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ла Лига одложи два натпревари од шпанската елита и три во Втората лига

/

пред 703 дена

Сподели преку :

Дел од Шпанија е целосно поплавена, а особено погоден беше градот Валенсија. Поради лошите временски услови, Ла Лига реши да одложи два натпревари од фудбалската елита, дуелот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, како и пресметката помеѓу Вилјареал и Рајо Валјекано.

Овие два натпревари беа закажани за сабота во рамки на 12.коло,  а шпанската лига одложи и три натпревари од 13.коло во Втората лига, како Кастелјон – Ферол, Елденсе – Уеска и Леванте – Малага.

Новите датуми на овие натпревари ќе бидат одредени дополнително.