Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лазаров го објави конечниот список на ракометари за СП 2023

/

пред 1362 дена

Сподели преку :

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров ги соопшти имињата на 18-те патници за Светското првенство во Шведска и Полска. Од конечниот список отпаднаа тројца ракометари.

Македонскиот национален тим утре во 11.30 часот заминува за Краков на Светското првенство. Во конечниот ростер на селекторот очекувано се најдоа искусните Никола Митревски и Филип Талески, кои за време на подготовките имаа повреди. На голот ќе биде и Мартин Томовоски, на левата крилна позиција се Дејан Манасков и Петар Атанасијевиќ. Освен Талески на левата бековска позиција конкурира и Иван Џонов. Средни бекови се Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев и Павле Атанасијевиќ. Томислав Јагуриновски и Мартин Серафимов се десни бекови, а на десно крило конкурираат искусниот Гоце Георгиевски и Ненад Костески.

Лазаров се одлучи да смета на дури четворица пикер, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Костадин Петров и младиот Марко Стојковиќ. Во репрезентацијата се најде и Михајло Младеновиќ.

Од оние ракометари кои беа на подготовките во конечниот список ги нема голманот Марко Кизиќ, крилото Цветан Кузманоски и Давид Савревски, а од претходно отпадна и Александар Петковски.