Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лазаров: На момчињата им треба поддршка

/

пред 1363 дена

Сподели преку :

Македонската машка ракометна репрезентација се подготвува да замине за Краков каде ќе ги одигра натпреварите од првиот круг на Светското првенство.

Цел е пласман во следната фаза од натпреварувањето, но задачата ќе биде тешка со оглед на фактот дека немавме среќа при жрепката и за противници ги имаме Норвешка, Холандија и Аргентина.

Селекторот на националниот тим Кирил Лазаров верува во овој подмладен состав кој за прв пат е дел од едно големо натпреварување и дека настапот на Мундијалот е само првиот чекор кон враќање на Македонија на старите патеки на успеси.

“На почеток сме на едно големо натпреварување, СП во Полска и во Шведска. Зад нас се четири контролни натпревари со квалитетни ривали на кои имавме можност да ја темпираме формата и да се подготвиме за она што не очекува. Сакам да нагласам една работа, многу труд ентузијазам и борба вложивме за да дојдеме до ова СП, бидејќи во меѓувреме направивме смена на генерација и со обединети сили стигнавме до мундијалот. На момците треба да им се даде поддршка, ова беше напорна година за нив, бидејќи минавме два баражи против Романија и Чешка, се пласиравме на СП и дадовме шанса за оваа генерација да продолжи по стапките на нас повозрасните. За сето она што  сработено им се заблагодарувам на момците, кои заслужуваат пофалба за резултатите лани, но и да се даде охрабрување за предизвиците што се пред нив во Полска”, изјави Лазаров.

ФОТО: Игор Паневски