Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Леброн Џејмс испиша нова историја во НБА: Прв играч со 20 селекции на Олстар

/

пред 982 дена

Сподели преку :

Познати се почетните петорки за претстојниот Олстар натпревар во НБА-лигата. Леброн Џејмс испиша нова историја и стана првиот играч во историјата со 20 селекции за натпреварот на ѕвездите.

Џејмс го мина Карим Абдул-Џабар за најмногу настапи на Олстар натпреварите. Тој ќе биде капитен на тимот на Западната конференција во кој се најдоа и балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, потоа Кевин Дурент и Шаи Гилгеус Александер. Истокот ќе биде предводен од Јанис Адетокумпо, а во првата петорка друштво ќе му прават Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Демијан Лилард и Тајрис Халибартон.

Олстар натпреварот ќе се одигра по 73-ти пати во историјата од 16 до 18-ти февруари, а домаќин ќе биде Индијана.